Веднаш повикајте лекар ако го забележите ова…
Болката во стомакот често се поврзува со конзумирање на храна со поминат рок, настинка или голем напор.
Сепак, лекарите предупредуваат дека болките во стомакот можат да бидат предизвикани и од други здравствени проблеми.
Иако дигестивниот систем не поврзува со органи како што се цревата и хранопроводникот, црниот дроб игра важна улога во варењето и исхраната.
– Неговата главна функција е преработка на хранливи материи кои се апсорбираат од тенкото црево – тврдат експерти од реномирана американска клиника.
– Во варењето на мастите и некои витамини важна улога има и жолчката од црниот дроб, која се излачува во тенкото црево – велат лекарите и посочуваат дека црниот дроб ги чисти потенцијално штетните хемикалии.
- Се разградува и лачи многу лекови кои можат да бидат токсични за вашето тело. Овие функции, како и многу други кои ги извршува црниот дроб, го прават витален орган на човечкото тело.
– Црниот дроб е толку важен за организмот што без него не е можен живот – истакнуваат лекарите.
Туморот на црниот дроб се нарекува хепатоцелуларен карцином. Во повеќе од 90% од случаите, туморот е поврзан со хронични заболувања на црниот дроб, хепатитис Б и Ц, цироза на црниот дроб, метаболни заболувања на црниот дроб, употреба на етил алкохол, различни хемиски агенси и афлатоксин.
– Туморите на црниот дроб можат да лачат хормони кои влијаат на другите органи, објаснуваат од Американското здружение за рак. Во некои случаи, ова може да предизвика хиперкалцемија (високо ниво на калциум во крвта).
А имајќи ја предвид близината на црниот дроб до желудникот и колку тој го поддржува процесот на варење, логично е дека ракот на црниот дроб може да се манифестира со знаци кои имитираат „нервозен стомак“.
Според лекарите, хиперкалцемијата може да доведе до гадење и повраќање.
- Бидејќи мачнината е чест симптом на многу различни состојби, и бенигни и сериозни, нападот на мачнина лесно може да се припише на труење со храна, инфекција, прејадување – тврди онкологот Андреа Палка.
- Ако гадењето продолжува или е придружено со постојано повраќање, тоа може да биде знак за проблем со црниот дроб и веднаш треба да се обратите на лекар – тврди докторката, додавајќи дека другите симптоми на хиперкалцемија може да вклучуваат конфузија, запек, проблеми со мускулна слабост, екстремна жед и често мокрење.
Ракот на црниот дроб често нема симптоми во раните фази.
„За жал, можно е ракот да не покажува никакви симптоми во раните фази“, вели докторот, додавајќи дека хроничната инфекција со хепатитис Б или хепатитис Ц претставува најголем ризик за развој на рак на црниот дроб.
Најчестите симптоми на заболен црн дроб:
- губење на тежината,
- губење на апетит,
- болка и оток во горниот дел на желудникот,
- слабост,
- жолтица,
- бел стол.