Дома Твој готвач Вака се прави најдобро варено вино!

Вака се прави најдобро варено вино!

830
0

Во оваа состојка е тајната…

Најубавиот пијалок во зима и годинава е тука за вас…

Тајната состојка што и дава на варено вино посебна арома и вкус е парче портокал. Ова е најдобриот рецепт што ќе го најдете.

Потребни состојки се:

500 мл вино,

125 мл вода,

2 лажици шеќер, каранфилче, мускатно оревче,

4-5 ѕвезди анасон,

2 стапчиња цимет (или мелен цимет),

2 гоголеми парчиња портокал,

Подготовка:

Стопете една лажица шеќер на тивок оган, и кога ќе пожолти, прелијте ја со вода, зголемете ја температурата и почекајте да зоврие водата. Потоа додадете ја уште едната лажица шеќер и виното. Кога виното ќе почне да е во состојба пред да врие, ќе се појави пена тргнете го од оган (недозволувајте виното да врие). Потоа додадете ги другите состојки (ставете од зачините по вкус, по 1/3 од лажиче) на крај додадете ги и парчињата портокал и почекајте 5 минути пред да започнете да пиете за да ми ја дадат зачините интересната арома на виното.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име