Дома Твој готвач Бушава пита со џем

Бушава пита со џем

1058
0

Бушава пита со џем…

СОСТОЈКИ:

500 гр брашно
1 кесичка прашок за пециво
200 гр шеќер
1 ванилин шеќер
1 јајце
200 гр путер
4 лажици мелени ореви
500 гр џем (по желба)
1 големо јаболко

ПОДГОТОВКА:

Измешајте го брашното со прашокот за пециво. Во сад измешајте ги путерот, шеќерот и јајцето и изматете ги со миксер. Потоа додадете половина од брашното и изматете уште малку. Исклучете го миксерот и во смесата додадете го остатокот од брашното, брзо измешајте со врвовите на прстите за да се формираат грутки и убаво да се соединат состојките. Истурете малку повеќе од половина од смесата во тавче обложено со хартија за печење (големина 20×30 или малку поголема) и убаво изматете ја со рацете.

Премачкајте со џем. Над џемот ставете го ренданото јаболко. Додадете мелени ореви во остатокот од смесата со брашно. Со лажица рамномерно прелијте го остатокот од смесата со брашното врз џемот. Ставете во загреана рерна да се пече на 180 степени околу половина час, додека не порумени.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име