Дома Твој готвач Брз ручек: Крцкави мини палачинки со шунка и сирење се топат во...

Брз ручек: Крцкави мини палачинки со шунка и сирење се топат во уста!

971
0

Брзи, едноставни и совршено вкусни солени мини палачинки исчезнуваат од чинијата со трепкање на окото …Лесно се подготвуваат и добро се комбинираат со млад кромид и павлака.
Ви требаат 25 минути за подготовка и печење, а количината е доволна за 13 (мали) палачинки. Ајде да ги подготвиме!
Состојки:
150 гр брашно,
2 лажички прашок за пециво,
1 јајце,
215 мл млеко,
150 гр рендано сирење,
225 гр сечкана шунка,
пролетен кромид, ситно сецкан (околу 3 стебленца),

За пржење:
3-4 лажици путер или масло,

За послужување::
Павлака или јогурт,
Млад кромид, сецкан,

Подготовка:

Во сад измешајте ги брашното, прашокот за пециво, солта и црниот пипер.
Во смесата додадете јајце и млеко. Мешајте додека состојките не се соединат.
Додадете сирење, шунка и млад кромид и измешајте сè добро.
Загрејте нелеплива тава на среден оган.
Ставете путер или масло на загреана тава и истурете мала количина тесто во круг од 7 см (на поголема тава треба да поставите 3 или 4 одеднаш).
Пржете ги мини палачинките 2 минути додека долната страна не добие златна боја. Свртете ги и пржете уште една минута и пол. Повторете го процесот со преостанатото тесто.
Послужете ги топли со кисела павлака, млад кромид…

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име