Дома Your Chef Брз рецепт за првата недела од постот: Полнети пиперки со ајвар и...

Брз рецепт за првата недела од постот: Полнети пиперки со ајвар и ориз

309
0


Велигденскиот пост започна и трае до 15 април, а е најдолг во православието. Луѓето кои одлучуваат да постат се воздржуваат од алкохолни пијалоци и храна од животинско потекло, но и од лоши мисли.

Бидејќи на домаќинките често им снемува инспирација за готвење, ви пренесуваме посно мени за денес.

Запечен карфиол со печурки (посно)

Компоненти:

10 пиперки (може и суви)
200 гр варен ориз
1 китка праз и блитва
1 голем морков
2 лажици ајвар
100 мл варени домати
2 компири
сол и бибер
4 чешниња лук
масло


Подготовка:

На масло пропржете сечкан праз и додадете рендан морков. Излупете ја блитвата и исечкајте ја. Сварете го оризот, но не целосно. Во испржениот праз додајте сварен ориз, сечкана блитва, ајвар, сечкан лук, бибер и сол и сето измешајте рамномерно. Измијте ги пиперките, извадете ги семките и наполнете ги. Доматот или компирот исечкајте ги на тенки парчиња и покријте ги пиперките. Покријте го плехот со хартија за печење, малку подмачкајте го и наредете ги пиперките. Прелијте ги со варени домати и масло. Се пече на 200 степени 50-60 мин. Послужете топло.

Претходна објава5 знаци дека сте ја изгубиле душата: вратете го мирот
Следна објаваИмате проблем со ЗАПЕК? 6 НАМИРНИЦИ сигурно ќе ви помогнат да се ослободите од оваа непријатност

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име