БРЗКОЛАЧ БЕЗ ЈАЈЦА И МАСЛО! Време е за засладување!
Идеален колач посен, брз и лесен за правење, вкусен и сочен… Уживајте!
Компоненти:
12 лажици шеќер
20 лажици брашно
4 лажици џем од сливи или кајсии , иако може да се користи каков било џем или мармалад и уште 4 лажици џем за премачкување на колачот
400 мл вода
прашок за пециво
лажичка сода бикарбона
8 лажици мелени ореви или бадеми и малку ореви (бадеми) за посипување на колачот
Подготовка:
Измешајте ги сувите состојки, додадете го џемот, па со тенок млаз сипете ја водата со постојано мешање. Смесата истурете ја во плех обложен со хартија за печење и печете околу 20 минути на 180 степени. Додека колачот е топол, намачкајте со 4 лажици џем и посипете со мелени ореви.