Дома Your Chef БРЗО И ЛЕСНО: КОКОСОВИ БАКНЕЖИ ГОТОВИ ЗА 10 МИНУТИ

БРЗО И ЛЕСНО: КОКОСОВИ БАКНЕЖИ ГОТОВИ ЗА 10 МИНУТИ

648
0

БРЗО И ЛЕСНО: КОКОСОВИ БАКНЕЖИ ГОТОВИ ЗА 10 МИНУТИ

Кокосовите бакнежи се омилен десерт на Карибите каде што се познати како „besitos de coco“. За овие неодоливи колачиња потребни ви се само неколку состојки, а подготовката трае само десет минути

Можете да го измените основниот рецепт за слатки бакнежи од кокос и да додадете парчиња лешници, ф’стаци или да ги потопите во чоколадо.

Вкусни колачиња кои се топат во уста (рецепт)

Состојки:

200 гр кокосово брашно

65 гр брашно

4 жолчки

150 гр шеќер

1 ванила

40 гр омекнат путер

прстофат сол

100 гр чоколадо за готвење за декорација

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 180 степени. На плехот ставете хартија за печење.
Измешајте ги сувите состојки: кокосово брашно, обичното брашно и солта. Во сад убаво измешајте ги жолчките и шеќерот и додадете ванила и омекнатиот путер. Сувите состојки измешајте ги во смесата и сè убаво измешајте додека не добиете компактна смеса која ќе ја поделите на дваесетина топчиња.
Ставете ги топчињата на хартија за печење и печете околу 20 минути или додека не добијат златно жолта боја.
На крајот украсете ги со растопено чоколадо кое претходно сте го стопиле во микробранова печка или сте го стопиле на пареа.

Претходна објаваНе пред ОВАА возраст: На која возраст детето треба да добие ТЕЛЕФОН?
Следна објаваДАЛИ БОЛИ ПНЕВМОНИЈАТА Докторот открива како да разликувате пневмонија од настинка

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име