Дома Your Chef Брзо и без печење: Феноменален ролат со банани

Брзо и без печење: Феноменален ролат со банани

472
0

Брзо и без печење: Феноменален ролат со банани

Дали знаете барем еден рецепт за десерт без печење за кои не се потребни филови? Па, денес ви носиме рецепт за само еден од нив – многу вкусен, нема да потрошите многу време за подготовка, а најдоброто од се е што не треба да се пече. Пријатно!

Состојки:

Ролат:

150 грама путер
150 грама шеќер во прав
3 помали банани
3 големи јаболка
сок од половина лимон
300 грама мелен бисквит.

Брзо и без печење: Чоколадна плазма торта


Декорација:

200 мл слатка павлака
парчиња банана
рендано чоколадо.

Подготовка:
Ролат: Во поголем сад со миксер се матат путерот на собна температура и шеќерот во прав. Земете една банана, изгмечете ја со вилушка и додајте ја, па дополнително изматете ја со миксер. Останатите две банани излупете ги и покријте ги со сок од лимон за да не поцрнат.

Излупете ги јаболката и изрендајте ги. После тоа со рака добро исцедете ги од сокот и додајте ги во садот со изматениот путер. Во оваа смеса додадете мелен бисквит и сето тоа убаво измешајте го со блендер додека не добиете хомогена смеса. Додадете малку сок од лимон, кој претходно сте го прелиле врз бананите.

Кога смесата добро ќе се измеша, формирајте ролат со помош на пластична фолија, ставајќи две банани по должина во средината. Со помош на фолија обликувајте го ролатот да добие убава овална форма. Можете да користите и тава за леб. Во овој случај, ставете ја фолијата во калапот, ставете малку смеса, па банани по должина и покријте со остатокот од смесата. Кога добро ќе се излади во фрижидер, извадете го ролатот од калапот.

Декорација. Изладениот ролат премачкајте го со шлаг (или шлаг од кесичка) и декорирајте со парчиња банана. Ролатот посипете го со рендано чоколадо или украсете го по желба.

Претходна објава3 здравствени проблеми кои семките од тиква лесно можат да ги отстранат
Следна објаваНАЈМОЌНИОТ ПИЈАЛОК ДОСЕГА Ефикасен за коронарни артерии и затнати вени, го спасува црниот дроб

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име