Дома Твој Готвач Брзи кифлички со џем од јагоди! Меки како душа…

Брзи кифлички со џем од јагоди! Меки како душа…

360
0

Тајната на овие кифлички е што се со домашен џем од јагоди кој се подготвува брзо, а кој може да се подготви и ден претходно… Уживајте!

Компоненти:
две коцки лиснато тесто
шеќер во прав
400 гр јагоди
половина шолја шеќер
лажица и пол сок од лимон

Подготовка:

Јагодите се мијат, се чистат и се сечкаат, се ставаат во мало тенџере, се додаваат шеќерот и сокот од лимон и се варат на силен оган со постојано мешање додека џемот не почне да се згуснува. Тргнете од оган и изладете. Лиснатото тесто развлечете го со сукало и исечете го на триаголници. Се филува со изладен џем, се завиткува и се формираат кифлички, па се редат на подмачкан плех. Се пече во рерна на 220 степени додека кифличките не добијат убава боја. Посипете со шеќер во прав и послужете.

Претходна објаваНајчести видови на артритис – жените се повеќе склони кон една форма, а мажите на друга форма
Следна објаваЛеќа – здравје во чинија

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име