Борба против надуеност
Сите чувствуваат непријатност кога ќе се појави надуеност. За жал, ова е честа појава која се јавува поради насобрана течност, консумирање одредени видови храна или неколку дена пред менструацијата. Еве неколку совети како да го надминете овој проблем.
Намалете го внесот на јаглени хидрати. Скробот кој се наоѓа во храната како леб и тестенини промовира задржување на водата.
Сепак, трикот лежи во времето кога се консумира овој вид на храна. Имено, избегнувањето на јаглени хидрати пред спиење може да ве спречи да се разбудите подуени следното утро.
Избегнувајте газирани пијалоци. Меурчињата во газираните пијалоци се една од главните причини за надуеност, па дефинитивно се препорачува да избегнувате вакви пијалоци. Заменете ги со обична вода, која е најздрава.
Посегнете по јогуртот. „Добрите“ бактерии кои се наоѓаат во млечните производи како што е јогуртот, му прават одлична услуга на вашето тело и варење, а ја спречуваат надуеноста.
Јогурти и млечни производи кои содржат пробиотик кој има витамини од групата Б, природно варење, ги намалува болките во стомакот, надуеноста и запек.
Движете се наоколу . Во борбата против непријатната надуеност употребете силно оружје – физичка активност. Имено, со секојдневно пешачење од 15 до 20 минути, обезбедувате подобро и поздраво варење. Оваа форма на лесна физичка активност го „истиснува“ вишокот течност од телото.
Абдоминална масажа. За да избегнете надуеност, посегнете по рецепт кој често делува – масажа на абдоменот. Обидете се да го масирате стомакот во насока на варење.
Со прстите нанесете лесен притисок на пределот на десниот колк, полека повлечете ја раката во правец на ребрата, а потоа надолу, во правец на дебелото црево. Звучи необично, но навистина функционира!