Бомба за имунитет! Ниту вирусите не може да направат ништо со ова!
Сите бараме начин како да се заштитиме себеси и нашите најблиски од вируси. Првиот чекор од превенцијата бара да го земеме предвид имунитетот на организмот, бидејќи имунитетот е заштитната бариера на нашето здравје, која ги спречува вирусите и бактериите да не совладаат.
Ние ви пренесуваме докажан рецепт за зајакнување на имунитетот, за кој оние кои го пробале велат дека е вистинска „бомба“. Состојките за него ни се достапни на сите, природни се, а со сето тоа смесата има исклучително пријатен вкус. Се препорачува да се јаде една лажица наутро, по будењето, пред кафе или појадок. Возрасните, но и децата , секое утро со задоволство ќе се засладуваат со оваа вкусна смеса и што е најважно, ќе придонесе за посилен и подобар имунолошки систем.
За почеток, подгответе ги следниве состојки :
половина килограм мед
2 моркови
300 грама исчистени ореви
2 лимони
200 грама суво црно грозје
Во блендер ставете ги морковите, оревите и сувото грозје и сè убаво измелете. Потоа во смесата додадете го исцеден сок од лимон, промешајте, а потоа измешајте ја смесата во половина килограм мед. Истурете го во тегла или затворен сад, ставете го во фрижидер и консумирајте по една лажица секое утро. Доколку сакате да направите поголема количина, дуплирајте ги сите состојки.