Дома Здравје Болка во грбот? Ова не смеете да го правите!!!

Болка во грбот? Ова не смеете да го правите!!!

718
0

Хроничната болка во долниот дел на грбот е чест проблем, но може да влијае на вашата работа, семејство и физички активности. Бидејќи не постои специфичен третман за лекување на овој проблем, постојат работи што можете да ги направите за да ја намалите болката.

НЕ СЕДИ СТУТКАНО

Една од најчестите причини за болки во грбот е ако седите стуткани, бидејќи пршлените во ‘рбетот потоа трпат голем притисок.

НЕ БАРАЈТЕ МАГИЧЕН ЛЕК

Не верувајте во рекламите и не верувајте дека постои волшебно стапче кое ќе ја отстрани болката. Ниту еден крем и гел не може да помогне, бидете сигурни во тоа.

НЕ ПРЕСКОКНУВАЈТЕ ВЕЖБИ

Мора да вежбате редовно. Иако на почетокот може да биде болно, бидете упорни и наскоро ќе забележите дека грбот помалку ве боли.

НЕ БАРАЈ СПЕЦИФИЧНА ДИЈАГНОЗА

До 85 проценти од случаите на болки во грбот може да се класифицираат како „неспецифични“. Ова значи дека причината за болката не може да се локализира на одредена структура или проблем. Не постои анализа која може да ја утврди вистинската причина за болката со 100 проценти точност.

НЕ ВИТКАЈТЕ СЕ

Една од најчестите причини за болка е честото свиткување.

НЕ ДИГАЈТЕ ТЕШКО

Исто така, не смеете да кревате тешки работи, а особено не често. Ако тоа го бара вашата работа, побарајте помош или помош од вашиот шеф.

СТОП ЗА ПАСИВНИОТ ТРЕТМАН

Пасивниот третман, како што се третманите со топлина, мраз или ултразвук може да биде пријатен, но нема ефект, освен привремен.

ОТСТАВЕТЕ ГО ПУШЕЊЕТО

Пушењето може да биде една од причините за болни „крстови“.

НЕ ЧЕКАЈ БОЛКАТА САМА ДА ПРЕСТАНЕ

Ако грбот ве боли повеќе од една до две недели, задолжително посетете лекар или физиотерапевт.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име