Дома Здравје Болести на простатата

Болести на простатата

209
0

Болести на простатата.

Простатата е жлезда која се наоѓа во малата карлица на мажот, под мочниот меур и пред ректумот, а таа е местото каде што се вкрстува уринарниот тракт.

Бенигната хиперплазија на простата е честа болест која се јавува кај мажите на постара возраст и доведува до нарушување на протокот на урината. При бенигна хиперплазија, волуменот на простатата се зголемува и врши притисок врз уретрата, поради што е тешко урината да тече од мочниот меур.

Несоодветното празнење на мочниот меур предизвикува постојано задржување на одредена количина урина, што е многу погодно за развој на инфекции.

Која храна е штетна, а која е добра за здравјето на простатата

Воспалението на простатата (простатитис) може да се појави кај мажи на која било возраст и се класифицира како акутен и хроничен простатитис. Тешкото и болно мокрење е специфично за акутниот простатитис и е придружено со ноктурија (зачестено мокрење ноќе) и намалена еректилна функција.

Дијагнозата на бенигна хиперплазија на простатата и простатитис се утврдува со детална медицинска историја, физички преглед од уролог, ултразвук и лабораториски тестови. Доколку постои сомневање за малигни промени (рак на простата), потребно е да се изврши анализа на специфичен антиген на простатата (PSA).

Претходна објаваЧесто мокрење…
Следна објаваПосле крштевањето Исусово, денеска се слави Крстителот…Денес е Свети Јован Крстител

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име