Дома Health БОГАТО СО АНТИОКСИДАНСИ: Тоа прекрасно какао

БОГАТО СО АНТИОКСИДАНСИ: Тоа прекрасно какао

300
0

БОГАТО СО АНТИОКСИДАНСИ: Тоа прекрасно какао

Какаото уште од античко време се смета за исклучителна и скапоцена храна. Во времето на ацтечкиот крал Монтезума, овој пијалок бил резервиран само за воините и општествената елита, а имал свети и церемонијални карактеристики.


Првата европска средба со какаото беше Кристофер Колумбо, кој го нарече какаото „лешници со прекрасен изглед“.

Какаото првпат пристигна во Европа во форма на пијалок во 1519 година.

Секој ден – какао!

Суровото какао, во зрна, парчиња или во прав, се смета за една од најхранливите намирници во светот поради неговите хранливи својства.

Токму затоа оваа храна спаѓа во категоријата суперхрана.

Какаото го штити организмот од ефектите на слободните радикали, го намалува стресот и депресијата, штити од болести на срцето и крвните садови, одличен извор е на железо, го регулира нивото на шеќер и холестерол, промовира подобра меморија и концентрација…

Какаото содржи повеќе од 300 хемиски супстанции кои позитивно влијаат на здравјето.

Поради својот состав, какаото е исклучително богато со антиоксиданси кои се одговорни за целокупното здравје на организмот.

Какаото содржи антиоксиданси кои вклучуваат полифеноли, катехини и епикатехини.

По тежина, какаото има повеќе антиоксиданси од црвеното вино, боровинки, акаи бобинки, калинка и гоџи бобинки заедно!

Поради својот состав богат со минерали (особено магнезиум), какаото помага и во борбата против стресот.

Магнезиумот е одговорен за повеќе од 300 процеси во телото – од варење до работата на срцето и мозокот.

Претходна објаваЅвезда во светот на здравата храна: Лененото семе е добро за срцето…
Следна објаваПедијатрите откриваат кои работи никогаш не треба да ги чуваат во својот дом

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име