БЛИТВАТА Е ЧУВАР НА ЗДРАВЈЕТО, НО ДЕФИНИТИВНО ЈА ГОТВИТЕ НА ПОГРЕШЕН НАЧИН! ЕВЕ КАКО ДА НЕ ГИ ИЗГУБИ ВРЕДНИТЕ СОСТОЈКИ
На почетокот на пролетта, додека сè уште не е сезоната на сите оние сочни зеленчуци кои не тераат да ја сакаме доцната пролет и лето, а веќе се наситивме со зелка, праз и кељ, блитвата е вистински спасител.
Богата е со витамини А, Б1, Б2, Ц, Е и К, изобилува со магнезиум, железо, калиум, калциум и важни минерални соли, содржи голем број на антиоксиданси за кои се верува дека ги намалуваат шансите за развој на хронични болести, како и како и некои видови на рак.
Има антиинфламаторно дејство, помага за одржување на добра крвна слика и здравје на срцето и им помага на дијабетичарите, а покрај сето горенаведено, го поттикнува варењето и слабеењето.
Блитвата со право се смета за „чувар на здравјето“, а познатиот нутриционист Џорџ Матељан ја рангира меѓу најздравите во светот во својата книга „Најздравите намирници во светот“.
Во истото дело Матељан открива и колку луѓе прават голема грешка при подготовката на блитвата, поради што фрламе добар дел од споменатите вредни состојки.
Ако стебленцата и листовите ги готвите заедно, немојте повеќе – не советува угледниот нутриционист.
На стеблата му треба подолго време за да се готви од листовите, така што листовите непотребно се преваруваат на овој начин. Затоа, додека ја чистите блитвата, одвојте ги дршките и ставете ги во тенџере со зовриена вода порано. Кога стеблата се речиси сварени, додадете ги листовите.
Ќе се свари многу брзо, а без преварување ќе задржи уште многу од споменатите вредни состојки кои со подолго варење поминуваат во водата. Во исто време, блитвата на овој начин ќе го задржи повеќе од својот вкус.