Дома Твој Готвач Бисквитна торта (рецепт)

Бисквитна торта (рецепт)

266
0

Брза и вкусна бисквитна торта за љубителите на чоколадни вкусови.

Состојки за филот:

6 дл млеко
4 лажици шеќер (или повеќе по вкус)
2 супени лажици густин (40 g)
1 лажица какао во прав (околу 15 g)
1 кесичка ванилин шеќер
100 гр темно чоколадо
50 гр путер/маргарин
250 гр бисквити по избор
1 дл силно црно кафе
1 дл млеко
1 кесичка ванилин шеќер

Шлаг:

1 кесичка чоколадна шлаг

млеко според упатството на пакувањето

Подготовка:

Ставете 4 дл млеко и шеќер да зовријат.

Во остатокот од млекото (2 дл) изматете ги: згуснувачот, какаото во прав и ванилиниот шеќер.

Кога млекото ќе зоврие, истурете ја изматената смеса и варете неколку минути со постојано мешање.

Тргнете го од оган и измешајте ги чоколадото и путерот/маргаринот.

Мешајте додека добро не се соединат сите состојки.

Изладете го филот (прво покријте го со проѕирна фолија за да не се залепи кората).

Комбинирајте кафе, млеко и ванилин шеќер.
Пожелно е кафето и млекото да бидат млаки за побрзо да се навлажни бисквитите (во топлото кафе можете да истурете ладно млеко).

Калапот за леб (или друг по избор) покријте го со фолија и добро наредете ги бисквитите кои претходно сте ги натопиле.

Истурете третина од филот и порамнете (3 реда фил и 4 реда бисквити).

Повторете ја постапката додека не ги искористите сите состојки.

Тортата ја ставате во фрижидер неколку часа да се стегне.

Превртете го на плех, извадете ја фолијата и покријте ја со шлаг.

Претходна објаваПсихолог од Финска откри 3 работи кои ФИНЦИТЕ никогаш не ги прават
Следна објаваЖалфијата како антибиотик: На кои начини можете да ја користите и за што е добра?

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име