Дома Твој готвач Без грам брашно: Протеински трик за згуснување на чорбите

Без грам брашно: Протеински трик за згуснување на чорбите

2221
0

Кога сакале да згуснат супа, манџа или некој сос, нашите мајки и баби правеле паста, односно брашното го мешале со масло или некоја друга маст и добиената смеса ја додавале во садот.

Денес, постојат поедноставни и поздрави алтернативи за згуснување на течните јадења со лажица, кои исто така се полни со протеини.

Црвената леќа е одличен избор. Тоа е лесно сварлива мешунка која содржи околу 330 калории во 100 грама и приближно 24 грама протеин од растително потекло.

Не треба да се кисне со часови пред термичка обработка, како што е случајот со леблебијата или гравот, а за нејзино варење се потребни само околу 15 минути.

Што треба да направите?

Исплакнете ја црвената леќа во ладна вода за да ги отстраните сите нечистотии и додајте ја во супа, чорба или некој сос 15 до 20 минути пред крајот на готвењето.

За време на термичката обработка, леќата ќе „испие“ добар дел од течноста во тенџерето и ќе се распадне, а со тоа ќе го згусне јадењето што го подготвувате.

Ако не ви се допаѓа лушпестата текстура на зготвената леќа, со миксер со стапче во тенџерето измиксирајте или префрлете го во блендер и мешајте додека не добиете кремаста и густа течност.

Колку леќа ми треба за да ја згусне храната?

Користете 100 грама сува црвена леќа на 500 ml до 1 литар течност како вода или подлога. Количината на леќата ќе варира во зависност од тоа што ќе ставите во супата или чорбата и колку сакате да биде густа.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име