Дома Здравје БАНАНА И МЕД: Комбинација која решава ТРИ проблеми

БАНАНА И МЕД: Комбинација која решава ТРИ проблеми

661
0

Мешавината од банана и мед многу успешно делува при болки во грлото, стомачни болки и кашлица.

Понекогаш не сакаме да пробаме природен лек затоа што често ни изгледа како нешто крајно невкусно. Мешавината од банана и мед, освен што ќе ви помогне со стомачни проблеми, кашлица и болки во грлото, сигурно ќе ги задоволи вашите сетила.

Потребни состојки:

  • две лажички мед
  • две средни банани со црни дамки
  • 400 мл врела вода

Подготовка:
Најпрво излупете ги бананите и изгмечете ги со вилушка или лажица. Добро би било да го правите со дрвен прибор за јадење, бидејќи поради металот ќе потемни. Потоа ставете ги бананите во тенџере и додадете зовриена вода во нив. Оставете да кисне околу половина час. Кога смесата ќе се олади, додадете мед. Важно е да го додадете на крајот, бидејќи ако го измешате со врела вода, ќе ги изгуби лековитите својства.

Користете:
Пијте 100 милилитри од овој напиток четири пати на ден. Количината на состојки од рецептот е доволна за еден ден, а наутро направете нова тура. Првите резултати ќе ги почувствувате за пет дена!

Претходна објаваГи правиме СЕКОЕ УТРО: Овие ГРЕШКИ при будењето влијаат на расположението
Следна објаваПолнети суви црвени пиперки (рецепт)

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име