БАГЕТ СО ЛУК Толку едноставно, а сепак толку вкусно – готов за 15 минути!
Се што ви треба за овој вкусен леб се гранули од лук, стопен путер и уште неколку состојки.
Доколку сте љубители на крцкав леб , веруваме дека овој печен багет ќе ви биде еден од омилените.
Најдобриот дел е што се прави исклучително брзо и лесно, а буквално можете да го јадете и самостојно и со кое било друго јадење.
Растопете малку путер, а потоа додадете гранулиран лук и магдонос . Багетот пресечете го на половина, па премачкајте го со споменатата смеса, а потоа прелијте го со рендано сирење.
Се пече во загреана рерна 15 минути на 200 степени.