АНТИЧКИТЕ ГРЦИ ГО СМЕТАЛЕ ЗА ПРОТИОТРОВ Нема нешто што не лечи
Научниците докажаа дека маслото од диво оригано е 337 пати посилно антиоксиданс од зелениот чај, 130 пати посилно од лимонот, 30 пати посилно од лукот.
Старите Грци верувале дека ориганото може да се користи и како противотров. Тие го користеле за лекување на иритација на кожата и инфекции . Верувале и дека кравите кои пасат на полињата со оригано имаат повкусно месо, а земале оригано пред спиење за да сонуваат сакана личност.
Бидејќи ова растение потекнува од медитеранската клима, на ориганото му треба многу сончева светлина и се одгледува во лабава и посува почва. Ова растение не е премногу барано кога станува збор за наводнување. Треба да се полева само кога почвата е целосно сува на допир.
Доколку се засади на отворено, се препорачува пролетно време. Потребно е да се скратат врвовите за 5-7 см, кога растението ќе достигне висина од околу 15 см, за да се поттикне растот на страничните гранки. Цвета од јули до август. Ориганото содржи витамини А и Ц, железо, молибден, селен и калциум.
Тоа е убава декорација во градината како градинарски растение, бидејќи привлекува пеперутки и пчели. Ориганото содржи природни инсектициди, па затоа нема потреба од заштита од штетници.
Како билка, ориганото се користи свежо и сушено во готвењето. Се додава свежо во салати, јадења од месо, дивеч и риба.
Денес е општо познато дека маслото од диво оригано е најсилниот природен антибиотик и дека успешно се бори против повеќе од 25 видови бактерии, а агресивно ги напаѓа габите и вирусите. Научниците докажаа дека маслото од диво оригано е 337 пати посилно антиоксиданс од зелениот чај, 130 пати посилно од лимонот, 30 пати посилно од лукот.
Најмногу се користи во третман на кандида и перзистентни бактериски инфекции со ешерихија. Сепак, покрај благотворното дејство на широк спектар на бактерии и габи, маслото од диво оригано се покажа како ефикасно и во превенција од вирусни заболувања, како силна поддршка за имунолошкиот систем, поради што помага во спречување на стареење и дури и штити од рак.
Примената на ориганото е широка и опфаќа цела палета на здравствени проблеми.Ориганото се користи и како чај за зајакнување, за лекување на болести на органите за варење (особено дијареа) и дишењето, а се користи и надворешно против разни воспаленија на кожата и мукозните мембрани.
Етеричното масло од диво оригано е ефикасно помагало во случаи на инфекции на грлото и устата, ја ублажува кашлицата и ја зголемува одбранбената способност на организмот. Предноста на ова масло е што бактериите не развиваат отпорност како во случајот со класичните лекови на база на антибиотици, па може да се користи без страв дека неговото лековито дејство ќе ослабне.