Дома Health Антибиотиците никогаш не треба да се земаат со млеко: Еве и со...

Антибиотиците никогаш не треба да се земаат со млеко: Еве и со што друго

355
0

Антибиотиците никогаш не треба да се земаат со млеко: Еве и со што друго
Сигурно знаете дека не треба да мешате и алкохол, но дали сте знаеле дека антибиотиците не се добри за пиење со млеко…


Антибиотиците се едно од најважните медицински достигнувања на 20 век. Со нив се лечат бактериски инфекции, па затоа се меѓу најчесто препишуваните лекови. Сепак, познато е дека бактериите можат да станат отпорни на антибиотици, а тоа се случува ако ги земате кога не треба, ако дозата е превисока или ако терапијата е предолга. Покрај тоа, интеракцијата на антибиотици и некои видови храна може да има несакани последици.

Алкохол

Алкохолот не треба да се пие со ниту еден лек бидејќи интеракцијата може да биде опасна, предупредува др. Томас Лошер, специјалист за инфективни и тропски болести и член на Здружението на германски интернисти.

Алкохолот може да го зголеми или намали ефектот на лековите.

Млеко

Млекото и другите млечни производи го нарушуваат метаболизмот на лековите, главно поради присуството на калциум.

„Калциумот го поништува дејството на многу лекови, особено на антибиотиците“, тврди Урсула Селерберг од Германската фармацевтска комора, пренесува Хина.

„Некои антибактериски агенси се врзуваат за калциумот во цревата и создаваат сложени молекули кои се толку стабилни што не можат да навлезат во цревниот ѕид во крвотокот“, објасни таа.

Резултатот е дека лековите не се метаболизираат и нивната активна состојка се излачува без никаков ефект. Појавата е најчеста при земање тетрациклини и флуорохинолони. Селерберг советува да избегнувате млечни производи два часа пред и по земањето антибиотици.

Лековите НИКОГАШ не треба да го чувате овде!

Минерална вода

Минералната вода, без разлика дали е газирана или не, содржи многу минерали како што се калциум, железо и магнезиум.

Како и во случајот со калциумот во млекото, минералите можат да се врзат за активните состојки на антибиотиците и да ги направат неефикасни.

Затоа минералната вода треба да се избегнува два часа пред и после антибиотици. „Секогаш е побезбедна опција да се земе лекот со чаша вода од чешма“, рече Селерберг.

Овошен сок

Пред да земете антибиотици треба да се избегнуваат овошни сокови.

„Тие содржат одредени ензимски инхибитори кои можат да го нарушат метаболизмот на некои лекови во цревата и црниот дроб“, објасни експертот.

Кафе

Ефектот на стимулативните пијалоци како кафе, црн и зелен чај, кока кола или енергетски пијалоци може да се засили со употреба на антибиотици, што може да резултира со зголемен пулс и тешкотии со спиењето.

И конечно, кое е најдобро време за употреба на антибиотици, пред, за време или после јадење?

Не постои општо правило, вели Селерберг. Некои, како што е ампицилин, треба да се земаат еден час пред јадење, а други, како што е цефуроксим, треба да се земаат после обилен оброк. Најдобар одговор на прашањето кога да се користат антибиотици може да даде лекар или фармацевт, заклучи таа.

Претходна објаваНАЈЛЕСНИОТ РЕЦЕПТ ЗА ПОЛНЕТО Пилешко Крцкава кожа однадвор и вкусен ориз одвнатре
Следна објаваЅвезда во светот на здравата храна: Лененото семе е добро за срцето…

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име