Дома Здравје Ако често ви се врти по станувањето, имате вртоглавица постои една работа...

Ако често ви се врти по станувањето, имате вртоглавица постои една работа што не смеете да ја правите!

605
0

Ако често ви се врти по станувањето, имате вртоглавица постои една работа што не смеете да ја правите!

Вертиго, вртоглавица може да биде многу опасна.

Д-р Џеф Фостер, општ лекар во Велика Британија за The Sun, редовно одговара на прашањата на читателите и споделува бесплатни здравствени совети.

Вртоглавицата може да биде симптом на овие три сериозни состојби

Неодамна, еден загрижен син му се пожалил на неговиот татко кој има чести вртоглавици – чувство на вртење околу или во главата или како губење на ориентацијата.

„Мојот 73-годишен татко одбива да оди на лекар затоа што вели дека не може да закаже. Последниве неколку месеци секојдневно има вртоглавици. Ако стане по долго седење, му се врти. Но, тој сепак вози и оди нормално“, напиша тој.

Д-р Фостер се обиде да објасни колку всушност е опасна вртоглавицата и на какви здравствени проблеми може да укажуваат.

„Вртоглавицата може да биде многу непријатна, но тие се навистина симптом на основниот медицински проблем. Тоа може да биде предизвикано од нутритивни недостатоци, состојби на срцето и крвниот притисок, хормонални или проблеми со шеќерот во крвта, проблеми со увото, па дури и болести поврзани со мозокот“, рече докторката и додаде дека одењето на лекар е првиот чекор.


Исто така, научниците од Универзитетот во Калифорнија откриле дека луѓето на кои често им се врти кога стануваат имаат 40 отсто поголем ризик од развој на деменција. Причината лежи во проблемот со нискиот крвен притисок што се јавува кога ќе станете, покажа студија на 2.000 луѓе над 12 години.

Најголемиот проблем настанува кога личност со неодредени симптоми ќе се најде зад воланот. Како што кажа и самиот лекар, тоа може да предизвика сериозни последици и за возачот и за другите учесници во сообраќајот.

Претходна објаваПолнет кромид: Турски специјалитет кој ќе ги освои вашите сетила за миг (РЕЦЕПТ)
Следна објаваХроничниот стрес предизвикува висок крвен притисок

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име