Ако ве чешааат пазувите, тоа може да биде знак за ТЕШКА БОЛЕСТ
Чешањето на пазувите веројатно е резултат на лоша хигиена или дерматитис. Но, во некои случаи, чешањето може да биде знак за посериозна болест.
Пазувите е област на различни структури како што се кожа, коса, потни жлезди, нервни завршетоци, крвни садови и лимфни јазли. Поради сите овие структури, покрај топлината и влагата во пазувите, не е невообичаено пазувите да чешаат.
Што значи ако ве чешаат пазувите?
Бидејќи се работи за чувствителна област, забележлива е каква било иритација. Обично, чешањето може да биде предизвикано од воспаление, осип, инфекции или алергии.
Во ретки случаи, чешањето може да се појави поради посериозни проблеми, како што е ракот, пишува Med.Over.Net, а пренесува Metropolitan.
Чешање на пазувите и рак
Вообичаени причини за чешање под пазувите се воспаление на кожните набори, егзема, контактен дерматитис, топлотен осип, хиперхидроза, прекумерно потење, лоша хигиена.
Затоа, повеќето случаи на чешање се предизвикани од кожни проблеми и болести кои не се канцерогени. Сепак, лимфомот и воспалителниот карцином на дојка се два вида на рак кои можат да предизвикаат чешање на пазувите, според Med.Over.Net.
Кога треба да посетите лекар?
Доколку се сомневате дека се работи за посериозна болест, консултирајте се со доктор. Исто така, побарајте совет ако се сомневате дека:
бактериска габична инфекција,
егзема или дерматитис,
топлотен осип.