Дома Life Адвокат за развод открива: Еве зошто луѓето најчесто се разведуваат

Адвокат за развод открива: Еве зошто луѓето најчесто се разведуваат

658
0

Адвокат за развод открива: Еве зошто луѓето најчесто се разведуваат

Во денешно време е доста тешко да се спаси бракот. Освен што темпото на живот е такво што имаме премногу обврски и прилично малку време за себе, а со тоа и за партнерот, вредностите се и различни, па не е лесно да се спаси врската.

Животниот век е до сто години, така што ни останува доста време во кое треба да се совпаднеме со друго суштество во неговите различни фази од животот.

Британската адвокатка за развод Ајеша Вардаг објасни кои според неа се најчестите брачни проблеми поради кои паровите бараат нејзини услуги. Таа вели дека се повеќе луѓе се разведуваат поради технологијата, бидејќи нивните партнери наоѓаат пораки, фотографии или апликации кои не треба да ги има.

Сепак, Вардаг истакнува дека најчеста причина за развод е тоа што сопружниците се оддалечуваат со текот на времето.

  • Престануваат да обрнуваат внимание на бракот и еден на друг. Тоа може да му се случи на секого, без разлика колку беше добар бракот – вели таа.

Секогаш велам дека повеќето разводи се случуваат затоа што сфаќаш дека личноста со која си повеќе не е личноста со која се омажила – изјавила за „Мирор“.

  • Денеска голем проблем е тоа што поради астрономското зголемување на трошоците за живот и стагнацијата на пазарот на недвижности, и по разводот, луѓето често остануваат заробени на ист простор со своите поранешни партнери. Некои мораат да се вратат кај родителите или да се преселат кај возрасните деца, што никому не му е лесно – вели Ајеша, која и самата е разведена, и додава дека е многу важно на крајот од бракот да се препознае дека врските понекогаш едноставно промени и дека никој не е виновен.
  • Разводот не мора да биде крај, тој може да биде нов почеток на врска, но и почеток на поинаква врска со себе. По разводот можеме да останеме добри со бившиот партнер и да имаме добар и избалансиран живот во кој градиме кариера и се развиваме, воспоставуваме некои нови врски и имаме доволно време и простор за нови интереси – изјави Вардаг.
Претходна објаваМора да ги избегнувате по секоја цена! Три намирници кои драстично го зголемуваат холестеролот
Следна објаваДенес е Цветници – денот на влегувањето на Исус во Ерусалим…

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име